вторник, 24 декември 2024

Столе Димитриевски добива нов тренер, Валенсија му врачи отказ на Бараха

Столе Димитриевски ќе добие нов тренер, Валенсија попладнево брифираше дека Рубен Бараха повеќе не е предводник на првиот тим.

Објавено на

часот

Сподели

Серијата слаби резултати донесоа промена во Валенсија, раководството на клубот реши да му врачи отказ на тренерот Рубен Бараха.

„Валенсија донесе одлука да стави крај на соработката со Рубен Бараха. Сакаме јавно да му се заблагодариме за пасијата и посветеноста која ја покажа од првиот ден“ – се вели во соопштението.

Рубен Бараха во февруари 2023 се врати на Местаља и успеа да ја спаси Валенсија од испаѓање, а потоа го стабилизираше тимот во сезоната 2023/24.

Сепак, оваа сезона резултатите се под очекувањата, тимот на нашиот Столе Димитриевски вчера со гол во 98. минута се спасуваше од пораз против Алавас, и во моментов се наоѓа на претпоследната позиција на табелата со 12 бода, исто колку што има и фенерџијата Ваљадолид.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ