Откако го допре дното во Ла Лига, Валенсија се реши за тренерска смена, изборот падна на 41-годишниот Карлос Корберан кој беше тренер на ВБА.
Валенсија потврди дека го информирала Вест Бромвич дека ќе ја искористи опцијата за заминување на Корберан која тој ја има во договорот со англискиот клуб.
Се работи за малку познат тренер кој покрај во ВБА работел во Олимпијакос, Хадерсфилд, младинскиот тим на Лидс, Ермис, Докса.
Има скромна фудбалска кариера, бил во младинската школа на Валенсија, како сениор настапувал за вториот тим на овој клуб.
Со оглед на тоа што Валенсија е претпоследна на табелата со ист број на бодови како и фенерџијата Ваљадолид, Корберан ќе има задача да го спаси тимот од испаѓање.