сабота, 27 јули 2024

Столб пепел висок пет километри: вулканот Ибу повторно еруптираше во Индонезија

Вулканот Ибу на островот Халмахер во Индонезија денеска повторно еруптираше исфрлајќи пепел до висина од пет километри, соопшти Индонезиската вулканолошка агенција.

Фото: ЕПА (архива)

Објавено на

часот

Сподели

Ерупцијата на вулканот траела околу две минути, а во радиус од седум километри од кратерот се забранети сите активности на населението, се наведува во соопштението.

Немаше други наредби за евакуација, јавува Ројтерс.

Вулканот Ибу имаше серија ерупции во мај и почетокот на овој месец, што предизвика евакуација на седум околни села.

Ибу е еден од најактивните вулкани во Индонезија, а во 2023 година еруптираше повеќе од 21.000 пати.

По серијата ерупции, на 16 мај индонезиските власти го кренаа нивото на тревога за планината Ибу на највисоко.

Индонезија, архипелаг каде што живеат 270 милиони луѓе, има 127 активни вулкани.

Вулканската активност во Индонезија е честа бидејќи се наоѓа покрај т.н „Пацифичкиот огнен прстен“, област каде што се судираат повеќе тектонски плочи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ