сабота, 21 декември 2024

Стокомак главна мета на српските медиуми

Веста која излезе од српските медиуми за проширување на македонскиот хард дисконт Стокомак во Република Србија, предизвика бројни реакции во македонските и српските медиуми.

Објавено на

часот

Сподели

Поводот е интересот на српските граѓани за новоотворениот маркет на Стокомак во Куманово (ул.ЈНА, бр.18), кој од самото отворање е редовно посетуван и од нив. На посета во македонскиот маркет дојде познатото српско јутјуберско дуо „Шта да једем”- Милан и Томо Божичковиќ.

Тие ја документираа својата посета на Стокомак, и беа видно изненадени од големата понуда на производи по ниски цени која ја нудат маркетите на Стокомак како и површината на која е распостранет маркетот.

При крај на пазарењето, во видео може да се забележи изненадување на нивните лица за износот на фискалната сметка, за 4 полни торби која изнесуваше 2.500 денари.

Покрај ниската цена на производите, „Шта да једем” преку дегустација го потврдија врвниот квалитет и вкус на производите на хард дисконтот Стокомак, кој наскоро се проширува и на српскиот пазар.

За повеќе може да погледнете на следното видео:

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ