вторник, 22 октомври 2024
Прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ

Стојановски: Судијата Пајазити е кадар на СДС и ДУИ, веднаш да биде разрешен

„Кадрите на СДС и ДУИ во судството го пуштија Блерим Рамадани да избега, неопходни се итни реформи во судството. Пајазит Пајазити, судија близок до ДУИ и СДС го пушти Блерим Рамадани во куќен притвор, за лесно да избега“, рече на прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски.

Објавено на

часот

Сподели

„Пајазит Пајазити е истиот судија кој одлучуваше и за упадот во кулата за летање на аеродромот, и за условната пресуда на Иџет Мемети во случајот со поткуп.

Секогаш кога СДС и ДУИ имаат интерес тука е Пајазит Пајазити.

Бараме институциите веднаш да отворат постапки и Пајазит Пајазити да биде разрешен од функцијата судија.

Инсталациите на СДС и ДУИ во судството мора да го ослободат системот, за тој да може да функционира. Одговорност за Пајазити веднаш“, рече Стојановски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ