петок, 18 октомври 2024
Истражување на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип

Стојановски: Новинарите и вработените во медиумите се со релативно ниски примања, запишаните студенти се бројат на една рака

Објавено на

часот

Сподели

„Дури и тие што се тука, добар дел би сакале да работат за странски компании. Не, компании што се странски инвестиции во Македонија, туку странски компании преку онлајн сервери, значи да работат далечински. Во ваквите компании имаат навистина прилично високи приходи. Младите повеќе не сакаат да го губат своето време. Помина времето кога можеа да работат за минимална плата, па дури и просечната плата не е веќе цел на нив, барем од она што јас можам да го согледам“, вели Стојановски во видео интервјуто снимено во прес центарот на МИА во Штип.

Смета дека за задржување на младите во земјава, може да придонесе и децентрализацијата. Во моментотв, сите институции се во Скопје, токму поради ова младите не остануваат во своите села, градови и региони, посочува Стојановски.

„Ако сакаме европски пракси, ајде да видиме колку од министерствата во Германија се во Берлин, колку од министерствата се во Рим. Тоа не се прави случајно, туку со цел да имаме рамномерен економски развој на сите региони. Ако знаеме дека Струмица е земјоделски регион, зошто да ги обременуваме луѓето со административни проблеми да одат во Скопје. Тоа Министерство може да се лоцира на друго место“, нагласува Стојановски.

Стојановски

Забележува дека инфраструктурата е значително подобрена и затоа, како што вели, од аспект на комуникација може да се сервисираат ваквите дисперзии или да се тргне од децентрализација на општините.

Посочува дека не мора да значи дека децентрализацијата е клучот за решавање, меѓутоа дека сериозно треба да се размислува за овој процес.

„Ние имаме сериозен одлив на квалитетно младо население, се уште внатрешно изразена миграција од помалите градови кон Скопје. Сите зборуваме за надворешната миграција и тоа е многу видливо. Немаме дилема тука. Кога зборуваме за надворешната миграција, таа се класифицира како бренд дека најумните отишле од државата, а што прават оние што останале тука, тие не спаѓаат во таа категорија“, вели Стојановски.

Анализите покажуваат дека  првите кои заминаа во странство не беа високообразовни, туку беа ниска и средно квалификувана работна рака.

Медиумите во земјава имаат недостиг на млад кадар. Нема новинари, сниматели, монтажери, фоторепортери. Последните две години електронските медиуми, меѓу кои и најголемите национални телевизии бараат млад кадар, некои од нив ги зголемија и платите.

Според Стојановски, ова е сериозен проблем. Пред пет години тој има направено истражувања на оваа тема.

Лоцирани се три клучни проблеми но, како што вели, на крајот сите тргнуваат од еден аспект што се поврзува со можноста за комерцијализација на медиумите и непостоењето на реален медиумски пазарен простор во земјава.

„Многу е мал пазарот за развој на новинарската професија, а ова повлекува друго, коешто ја прави професијата ужасно потценета. Нема да бирам зборови, тоа е вистинскиот збор што го опишуваат новинарите. Новинарите и вработените во медиумите се со релативно ниски примања. Стандардот се подига, имаме инфлација и младите едноставно не гледаат перспектива. Она што е интересно е дека и оние малку што се запишуваат, влегуваат со голем жар кон оваа професија“, вели Стојановски.

На Правниот факултет при УГД-Штип има студиска програма за новинарство, но бројот на запишани студенти не се брои ниту на една рака. Ваквите разочарувачки бројки се и на останатите факултети во Скопје и Тетово. Според Стојановски, интерес за студирање за новинарство, нема ниту на универзитетите во странство.

Проблемот за ова, според Стојановски, е високиот степен на политизација, но и тоа што на сопствениците на медиумите овој бизнис им е секундарен и не вложуваат многу пари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ