„Јавноста треба да знае дека сите процедури на оваа комисија се носат по скратена постапка со три дена дебата, а вкупно по вториот ден работа Собранието по оваа комисија не работи повеќе од 60 минути кумулативно кога ќе ги соберете двата дена.
Ние ги повлековме нашите амандмани и го извадивме на чистина со нивниот интерес, а тоа е шверцерско прошверцување на овој закон кој што единствено за цел има криминални дејствија кои што треба да бидат легализирани.
Вреди да се напомене дека одбија и амандмани поднесени од мнозинството кои што за волја на вистината имаа за цел да ги дорегулираат одредбите кои што ги регулираат издавањата на лиценци, една од најспорните одредби на овој законза игри на среќа.
Бегаат од дебата за да не види јавноста каков криминал протнуваат.
Ќе кажам само три од спорните одредби кои што овој закон ги легализира.
Мултиплицирањето на лиценците и давањето на лиценци на компании кои што во управни и надзорни одбори членуваат лица од кабинетот на Артан Груби.
Дозволување на онлајн коцкањекое што коцкањето ќе го доближи во дневните соби и училниците без разлика што се кријат зад одредбата дека овој закон ги оддалечува коцкарниците од училиштата.
И третата и една од најспорните одредби е тоа што секој простор што треба да биде употребен за организирање на игри на среќа ќе треба да даде потврда Министерството за финансии, повторно институција предводена од ДУИ.
Ја повикувам целата меѓународна заедница да ги види сите злоупотреби што се случуваат на Комисијата за европски прашањаод сите аспекти. Од почетокот на процедурата со ставање на европско знаменце на овој закон до оној момент каде што се кршт сите одредби од Деловникот.
Тука сакам да известам дека Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Обнова за Македонија писмено ќе ги извести сите амбасади во Република Македонија за оваа злоупотреба и за овој нов криминален срам кој што се нанесува на Република Македонија“, изјави Стојаноски.