На денешната прес-конференција во Владата, тој посочи дека утрово хируршки се третирани 15 пациенти, а се планира во текот на денов да се изврши таква интервенција кај уште тројца пациенти.
„Во овие неколку дена не само што се мониторираше потенцијалното влошување на пациентите, мораа да се санираат и повредите на оние пациенти што не беа критични во прва фаза, ниту беа во животозагрозувачка состојба. Процесите на тријажа и мониторирање на пациентите и прераспределба, согласно со тежината на нивната клиничка слика одеа паралелно. Мора во континуитет да се прави и преврска на раните и да се гледа она ткиво што е изумрено да се отстранува, за да се даде простор раната полека да почне да заздравува. Токму во таа насока се и оперативните интервенции“, рече Стојановски.
Како што кажа директорот на ГОБ „8 Септември“, интервенциите се прават како резултат на екстензитетот, односно големината на процентот на телото што е зафатен со изгореници, а не затоа што се во животозагрозувачка состојба.