петок, 19 април 2024
Изјава на пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноска: Пред избори власта именува членови и претседатели на државни комисии

Власта не бира средства и начини за вдомување на партиски кадри во институциите во државата. Како се ближи изборниот процес, власта започна со дополнително партизирање на институциите, притоа кршејќи ги сите правила и прописи за вработување. Вчера на Комисијата за изборите и именувањата се избираа членови и претседатели на повеќе комисии во Република Македонија за коишто предходно беше распишан оглас и имаше пријавено бројни кандидати“, изјави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска и додаде дека дури и не се почутуваат критериумите за избор.

Објавено на

часот

Сподели

„Во нормална држава за вакви комисии како што се Комисијата за заштита на конкуренцијата, Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации или пак Комисијата за заштита и спречување на дискриминацијата, очекувано би било да се изберат кандидати кои ги исполнуваат условите пропишани со огалсот, но и кандидати кои со своето знаење и експертиза ќе допринесат за подобро и поефективно работење на ваквите комисии.

Но реалноста со владеењето на СДСМ и ДУИ е друга. За нив не е битна квалификацијата на кандидатите туку меѓукоалицискиот пазар за вдомување и полнење на комисиите со партиски војници.

За да биде иронијата поголема, условите кои што тие самите ги пропишаа во огласите за кандидатите, колегите од власта на комисијата не ги почитуваа.

Така на пример, беа изгласани кандидати што не исполнуваат еден или повеќе услови во огласите. Во најмала рака за ваквите кандидати што не ги исполнуваат условите пропишани со огласите, не би требало ниту да се расправа, а камоли да бидат избрани и изгласани за членови во комисиите.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ иако реагираа на ова незаконско работење сепак не наидовме на разбирање бидејќи пратениците од власта само немо и без никакви аргументи ги протнаа овие партиски војници и си ги погазија огласите кои тие самите ги распишаа.

На огласите имаше пријавено многу кандидати кои што не само што ги исполнуваа условите за избор туку имаа и впечатливи биографии кои беа далеку поквалификувани местатаза кои аплицирале.

Еве како на дело се однесува власта. Додека устите им се полни со професионална и квалификувана администрација нешто што е забелешта и во Извештајот од ЕУ, во реалноста се вработуваат неквалификувани партиски послушници што немаат никакво искуство во тоа што треба да го работат.

Замислете како им е на оние кандидати кои што ги исполнуваат условите од огласите и се стручни во областа кога ќе видат дека се одбрани патриски луѓе кои што не ги ни исполнуваат условите да се пријават на огласите. Ова е класичен пример и показател за една од причините зошто стручните кадри се иселуваат од Македонија. Власта покажа дека квалитетот и стручноста воопшто не се битни за нив туку единствен услов е да котираш добро во круговите и да имаш блиски луѓе до партиските врхушки на власт.

По ова, мене не ми е јасно зошто воопшто се распишуваат огласи за избор на членови во овие комисии кога истите не се почитуваат.

Ова ја покажува само паниката која што владее во СДСМ од губењето на власта на наредните парламентарни избори и затоа во наредниот период очекуваме многу вакви преседани и незаконско работење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ