„Наводните експерти коишто работат на измени без мандат од Собранието се исполнувачи на партиски желби и идеи кои водат дури и до редефинирање на унитарниот карактер на Македонија.
Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен, нема уставни измени под бугарски диктат. Тоа е и став на 90 проценти од народот, тоа е став и на дел пратеници од СДС.
Македонските евроинтеграции нема да се претворат во асимилација и бришење на македонскиот идентитет, култура и историја“, изјави Стоилковски на прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ.