„Посочената директива 2003/88/ЕЦ се однесува на организација на работното време, и каде во членот 6 ‘најдолго работно време’, децидно стои дека бројот на работни часови се регулира со закон и пропис или со колективни договори во соработка со социјалните партери. И внимавајте, дека просечниот број на работни часови во текот на една недела, вклучувајќи и прекувремени часови, не надминува 48. Нагласувам, работна недела, вклучително прекувремено, не надминува 48 работни часа.
Oва е европското право. Максимум 48, а не 60 часа или повеќе, затоа што така потпишал Ковачевски за ќеиф на Груби, Договор спротивен на закони и европски норми. Уште повеќе, што веќе усогласен закон во Македонија со 40 часа плус 8 часа работа, за волјата на Груби, сега се менува, спротивно на европските директиви. Се менува, за да нема ограничување, и тоа со европско знаменце.
Лажат, крадат и кршат норми и закони. Ниту им е до Европа ниту им е до закони, до криминалот им е и до провизиите.
Почитувани, секое премолчено одобрување на вакво кршење на процедурите, секое премолчено газење на Собранието, секое кршење на демократијата е преседан што создава практика и можност за идно повторување. Одговорност ќе има, и ќе одговараат за секој еден денар“, рече Стоилковски.
Тој ја повтори информацијата дека премиерот Димитар Ковачевски во Собранието минатата недела во еден момент поднел оставка, а Талат Џафери му ја искинал. „Нека не ја замајуваат јавноста, нека каже Ковачевски како му е скината оставката и како отишол во САД и на крај нека каже пред јавноста кои се пратениците од СДС од ИЕ1 и 2, и некои од ИЕ4 кои кажале дека нема да гласаат за промена на Уставот“, нагласи Стоилковски.