сабота, 27 јули 2024
Прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ

Стоилковски: СДС во духот на тоталитарен режим се служи со фалсификати и црна кампања од најдолен вид

СДС се служи со груби лаги, со фалсификувани документи, со коишто освен што врши недостоинствен напад врз опозицијата, туку во стилот на тоталитарните режими, го нападна јавниот сервис, ги нападна агенциите за мерење на јавното мислење, го спори расположението на граѓаните, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ во врска со документи кои СДСМ ги објави со тврдење дека постои оперативен план на ВМРО-ДПМНЕ за пласирање на лажни анкети на МТВ.

Објавено на

часот

Сподели

Стоилковски рече дека СДСМ бесрамно фалсификуваат документи и дека недостоинствено за владејачка партија се служи со црна кампања од најнизок формат при што, како што додаде, се случува во иста насока по низата напади врз медиумите затоа што, како што нагласи портпаролот, објавувале за криминални и недозволени скандали за владејачки функционери и институции.

„Најостро и изрично ги демантираме информациите првично објавени во еден медиум, а потоа истите лаги дополнети од СДС“, нагласи Стоилковски.

Тој потенцира дека не постои документ подготвен од Републичкиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на изборниот процес, како што се наведува во емисија на еден медиум. а потоа прераскажани од СДС.

„Фактите се следни: Прво, потписите коишто би требало да стојат зад имињата на фалсификуваниот документот се целосно измислени и не кореспондираат со реалните потписи. Второ, имиња и презимиња на фалсификуваниот документ се или неточни или воопшто не постојат такви лица. Трето, датумот на фалсификуваниот документ е 5 декември 2024 година, осум месеци во иднината. Што значи, или се повикуваат на датумот 5 декември 2023 на состанокот на Извршниот комитет по којшто соопштивме дека претседателот Христијан Мицкоски ќе го предводи Републичкиот изборен штаб, или целосно се одлепени од реалноста. За потсетување, Републичкиот иборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ се формираше во февруари годинава“, наведе Стоилковски.

Тој потоа рече дека доколку за СДСМ е нормално да имаат погрешни имиња и презимиња, за ВМРО-ДПМНЕ името е светост.

„Ова е и доказ во јавноста за изворот на ваквиот фалсификуван документ, јавно објавен, со лажни потписи. Ова се очајни дезинформации својствени на СДС, со напади со фалсификати и напади врз агенции и медиуми да ја дезинформираат јавноста. Очекувањата од скапо платените советници со црни пари, на пример Асаф Исеин, СДС би требало да покаже поголема самопочит“, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Стоилковски постави прашање.

„Во тој правец, дали ќе ги обвинат и ИРИ и НДИ за лажни анкети и резултати на коишто ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Сиљановска Давкова се во огромна предност пред Стево Пендаровски и СДС?

Измина времето кога Димитар Ковачевски како премиер шеретски одговараше за доделување на државно земјиште на сопругата Елена Ковачевска, за едно евро квадрат; или за тоа дека семејната компанија заедно со неговиот кум, додека Ковачевски беше мандатар и заменик министер, фирмата Пиксел груп добивала државна помош“, рече Стоилковски.

На крајот од прес-конференцијата тој рече дека  ќе следи тужба за клевета и тужба за фалсификување на документи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ