сабота, 27 јули 2024
Прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ

Стоилковски: Платени се веќе 117 милиони евра иако не е почната изградбата на коридорите

Објавено на

часот

Сподели

„Една од ставките која што ги предвидува финансиски импликации во висина од 117 милиони евра се однесува на дел од Договорот наречен contractor establishment payment. Страница 119 од договорот, или втора страница  од делот Schedule 1. Ова е ексклузивно дел од договорот којшто власта го крие, а свиркач го достави до ВМРО-ДПМНЕ.

Во слободен превод: ‘Плаќањето се ресурси за проектот за изведувачот,  да се иницираат пред-градежни и административни активности, како што се формирање канцеларија на изведувачот, кампови и капацитети за поддршка на пред-градежните активности, подготовки, планот за безбедност на локацијата и здравје, првична испорака на опрема и материјали’ (ама веројатно материјали за кампот и канцелариите) како ‘и формирање лабораторија’,.

Сè, ама нема градилиште, нема градба, а пари се исплаќаат!

Владата на ДУИ и помалиот партнер СДС, го кријат договорот, потврдија дека исплатиле пари, токму како што пишува тука.

Државата со овој ваков договор ја ставија во должничко ропство. Мора треба да има одговорност. Не ги плаќаат овие пари од сопствен џеб. Во нормална држава, за ваков договор, со пенали заради членови во договор вон закон и Устав треба секој ден да има нова оставка и нов процес. Одговорност мора да има!“, рече портпаролот Стоилковски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ