сабота, 27 јули 2024
Изјава на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ

Стоилковски: Лукаревска да ги каже фирмите кои направиле криминал со нафта

„Добро е што УЈП признава дека имало криминал со поврат на ДДВ преку кој се испумпуваа пари од државната каса, но страшното е тоа што тоа го признаа дури откако беше обелоденето од страна на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ по денешниот брифинг на директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска. Тој даде одговар на новинарско прашање во врска со нафтените компании и нивната разработена шема за измами за што вчера информираше лидерот на партијата, Христијан Мицкоски и за која што денеска брифираше директорката на УЈП.

Објавено на

часот

Сподели

И до кога ќе велат од власта дека со објавувањето на криминал се загрозува истрагата, рече Стоилковски.

„Да потсетам дека истото се случи, односно по објавување на криминал и со обвинувања за прекршување, односно нарушување на истрага власта настапи од случајот за модуларната, преку пасоши за мафијаши, па понатаму за Онкологија и редица други криминали во коишто е вмешана и одговорна власта. Вистинското прашање кое што треба да го одговори УЈП е, кои се тие фирми кои што се блиски СДС и до ДУИ, односно до власта, каде што завршиле овие пари? Сѐ друго е замајување на јавноста“, рече Стоилковски.

Поврзано со изјавата на премиерот дека во М-НАВ има семејни врски, Стоилковски рече:

„За прв пат би кажал дека можам да се согласам со Димитар Ковачевски дека М-НАВ е претворена во семејна фирма, но тој требаше да оди до крај и да каже дека тоа е семејна фирма на власта на ДУИ и на СДС, каде што снаата на Артан Груби, сестрата на Бујар Османи, чичко и братучед на Љупчо Николовски се вработени, а и самиот призна. Но и двајца зетовци и еден син на Ејуп Алими и на Беким Незири исто се вработени во М-НАВ. Би рекол дека станува збор за македонска неофицијална агенција за вработување на лицата од власта. Од ваквиот непотизам и бандитизам на народот му се лоши и ѝ се нанесува непоправлива штета за Македонија“, рече портпаролот Стоилковски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ