Според Стоилковски, Левица преку статуси и пароли на социјалните медиуми продава евтин популизам „злоупотребувајќи ги чувства на народот од неправдите и криминалиите на СДС, а всушност, работи целосно синхронизирано со СДС“.
Портпаролот рече дека Во Град Скопје таа коалиција функционира беспрекорно и дека заедно со ДУИ ги изгласаа програмите за работа на претпријатијата и институциите, според него, за заеднички да прават бизниси.
Во скопски Карпош пак, како што рече Стоилковски, тивкиот сигурен партнер Левица ги поддржа бизнис интересите на „СДС“ за бетонизација и дека за потребите на владејачката партија Левица гласаше за десетици висококатници.
„Сигурниот партнер на СДС Левица донесе со гласање ДУП за згради, ама не и за градинки и училишта. Бесрамно, но веќе јавноста се научи дека Левица до вчера пишуваа статуси против урбанизација и бетонизација, а сега гласаат за принцовите на бетонот да градат станбени блокови. Било во Скопје, во Карпош или било каде во општините во Македонија, додека Левица се претставува како опозициска партија, таа е главен соработник и гласач на политиките на СДС. И со тоа, работи против волјата на народот, против потребите на народот, а за потребите на СДС. Провидна е продажбата на евтин популизам додека вистинската улога е тивок партнер на СДС за дебели провизии и за дебели бизниси! Македонија не смее повеќе да биде жртва на евтин популизам“, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.