сабота, 27 јули 2024

Стоилковски: Хаос на хирургија, нема лифт, пациенти потпишуваат дека се оперираат на сопствен ризик…

ДУИ и СДСМ системски го уништуваат здравството до последен ден. Незапаметен хаос владее на клиниката за хирургија, односно Универзитетската клиника ТОАРИЛУЦ. На ТОАРИЛУЦ нема лифтови, се оперира на сопствен ризик, фирма моли за услови за добиена работа… Ако ДУИ и СДСМ одат во опозиција не значи дека пациенти треба да умираат по ходници, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на денешната прес-конференција.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Ќе набројам три акутни состојби. Цела недела 4 лифта не работат, ниту двата мали кај влезот, ниту двата кај трауматологија, па пациенти со скршеници, но и оние што одат на контрола или во посета, или треба да одат по скали или да се туркаат со оние лифтови кон операционите сали. Цела недела, од минатата сабота трае проблемот со системот, односно цевководот за кислород до операционите сали. Цела недела нема испитување што е, што мириса, дали е загадено, дали навистина има јаглерод диоксид. Во меѓувреме, со потпис со лична согласност, луѓе се оперираат на сопствен ризик!? Докази за тоа има во самата Клиника, неколку операции се извршени, дури и една врз дете. А, ако е се во ред, зошто тогаш нема план за операции за од понеделник?

Делот КАРИЛ од 15 март има тендер од 2 милиони евра за санација потпишан на 15 март. А, сè уште, еве веќе трет месец, не се создадени услови за да се почне со санацијата, се работи за привремена соба во која треба времено да се сместат пациентите! Фирмата моли, со писма до Министерството за здравство да им се овозможи услови да почнат да работат.

Писмото е од  14-ти мај, сè уште нема ништо, Санацијата инаку би траела 3 месеци, а веќе трет месец не може да се почне да се работи на самата клиника“, вели Стоилковски.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ истакнува дека ова ги надминува сите граници.

„СДСМ и ДУИ водат инает со здравјето на луѓето. Тоа што СДСМ и ДУИ одат во опозиција, не значи дека народот треба да умира по болнички ходници. За ова секако ќе има одговорност, но прашањето е на човечност и етика, и како ќе заминат од здравството“, потенцираше Наум Стоилковски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ