сабота, 27 јули 2024
Прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ

Стоилковски: Данела срка од медот со ДУИ, СДСМ и Левица и го потпиша истиот договор за пречистителната станица

Објавено на

часот

Сподели

„Се работи за истиот договор со Европската инвестициска банка, за проект во којшто потпретседателката на Банката ја демантираше Арсовска со што ги извади лагите на површина. Сега и Арсовска го потпишува истиот договор со што признава дека, едноставно, лажно го обвини дека влијаел врз тендерската документација и на сила го смени Златко Перински од директорското место во Водовод и Канализација. Уште повеќе, потсетуваме дека ниту Арсовска коментираше нешто против власта, ниту беа променети членовите на комисијата, како што бараше Арсовска во лажното обвинение“, рече портпаролот на прес-конференција.

Тој ја цитираше потпретседателката на Европската банка „ние мора да следиме посебни правила и процедури и вршиме надзор со вонредни и редовни контроли на процесот на оваа јавна набавка, но се мина во добар ред и има зелено светло“ и, како што додаде, Данела Арсовска го потпиша документот!

„Сега чии раце се во медот, на Данела, на неформалниот градоначалник и скопски сметководител познат како Книга, или на неформалниот газда на Арсовска СДС? И се тресеа ли рачињата кога Арсовска го потпишуваше договорот кој што го напаѓаше? Ќе се извини ли сега Арсовска за клеветите врз Перински, Мицкоски и врз ВМРО-ДПМНЕ? На виделина излезе лагата, но и вистината за манипулациите. Данела Арсовска срка од медот заедно со СДС, со ДУИ и со Левица“, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ