сабота, 21 декември 2024

Стоилковиќ-Улусој: Соработката меѓу Македонија и Турција е клучна за стабилноста на регионот

Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ денеска оствари работна средба со делегација од Амбасадата на Република Туркије во Скопје, предводена од амбасадорот, Фатих Улусој.

Објавено на

часот

Сподели

Средбата се одржа во конструктивна атмосфера, а беа разменети мислења и ставови за актуелните политички и економски прашања во двете земји, со фокус на дополнително подигнување на нивото на соработка, како и создавање можности и уште подлабоки пријателски врски меѓу двата народи и двете држави, особено во поглед на зајакнување на меѓуетничките односи.

Двајцата соговорници се согласија за поттикнување на турските компании за инвестирање во Македонија, надминување на потешкотиите со кои се соочуваат истите, можноста за започнување преговори за ажурирање на договорот за слободна трговија и организирање на турско-македонски бизнис форум со учество на турски и македонски компании во наредниот период.

Посебен акцент на средбата беше ставен на турската заедница која живее во Македонија, а амбасадорот Улусој истакна дека Турција кон Македонија има посебен однос и нивната цел е да имаат добар однос со сите етнички заедници, како и дека се отворени да дадат придонес за евентуално решавање на сите потенцијални проблеми.

„Не треба да барате поддршка од мене, ја имате, без оглед на проблемот со кој се соочува турската заедница во земјава“, истакна министерот Стоилковиќ, потенцирајќи ја уште еднаш поддршката на Министерството за односи меѓу заедниците за надминување на потешкотиите при образованието на мајчин јазик.

На крајот од средбата двајцата соговорници се согласија дека соработката меѓу двете земји е клучна за стабилноста и развојот на регионот во целина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ