недела, 27 октомври 2024

Стоилковиќ, Николоски и Муцунски во дводневна работна посета кај српскиот премиер Вучевиќ

Македонска делегација предводена од заменик-претседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, заедно со заменик претседател на Владата и министерот за транспорт и врски Александар Николоски и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во среда и четврток ќе престојува во работна посета на претседателот на Владата на Република Србија Милош Вучевиќ.

Објавено на

часот

Сподели

Македонската делегација ќе оствари средба и со претседателот на Република Србија Александар Вучиќ, со претседателот на Собранието Ана Брнабиќ како и со претставници на неколку ресорни министерства.

„Разговорите на највисоко ниво ќе бидат одлична можност за дефинирање на следните заеднички чекори и активности, меѓу кои разгледувањето не само за можноста за претставување, туку и за учество на македонското стопанство при реализацијата на ЕКСПО2027, а ќе биде искористена и за иницирање редовни меѓувладини седници меѓу македонската и српската влада, кои би требало да трасираат нови можности за подобрување на билатералната соработка и можности за заедничка соработка со трети пазари, како и за интензивирање и унапредување на активностите поврзани со процесот Отворен Балкан. Целта за реализација на оваа меѓународна средба е да се отслика нивото на одличните билатерални односи меѓу двете земји, а истата ќе биде и подготовка за посетата на претседателот на Владата на Република Србија Вучевиќ на покана од претседателот на Владата на РС Македонија Христијан Мицкоски, планирана за крајот на септември“, соопшти Министерството за односи меѓу заедниците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ