понеделник, 21 октомври 2024

Стоилковиќ, Николоски и Муцунски во Белград: Брза пруга од коридорот 10 е приоритет

Ја нагласив огромната заложба на Владата за изградба на брзата пруга на коридор 10 и квалитетно поврзување на земјите од Централна и Западна Европа, изјави Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт и врски по официјалните средби со претставниците на Србија.

Објавено на

часот

Сподели

Вицепремиерите Иван Стоилковиќ и Александар Николоски, и Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи на Македонија се во дводневна официјална посета на Србија на која ќе имаат средби со државниот врв на оваа земја.

„Продолжуваме заеднички да ги реализираме инцијативите за забрзан економски и регионален развој. На денешната средба со претседателката на Собранието Ана Брнабиќ беа потврдени добрите билатерални односи меѓу двете земји со посебен нагласок на зголемување на можностите за економска и трговската соработка“, напиша Николоски на својот фејсбук-профил.

Брнабиќ го истакна значењето на Македонија како економски партнер на Србија, како на полето на надворешната трговска размена, така и во однос на инвестициската соработка. Се разговараше и за Протоколот потпишан во Скопје, кој овозможува воспоставување слободен пазар на труд во рамките на иницијативата Отворен Балкан, што ќе придонесе за подобрување на деловното опкружување и решавање на проблемот со недостигот на работна сила.

Македонскиот вицепремиер Стоилковиќ, исто така, изрази задоволство од зајакнувањето на соработката и истакна дека силните и постојани врски меѓу двата народи претставуваат солидна основа за натамошно унапредување на соработката на сите нивоа. Додаде и дека активно ќе работи на учеството на претстојниот светски изложбен настан ЕКСПО 2027, што ќе биде уште еден важен чекор за подобрување на меѓусебните односи и промоција на регионот.

На крајот од средбата беше заклучено дека двете страни ќе се фокусираат на реализација на конкретни проекти и иницијативи, со цел понатамошна интеграција и подобрување на односите меѓу Србија и Македонија, што ќе придонесе за регионалната стабилност и просперитет.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ