„Чест ми е што почитувајќи ја традицијата ги зајакнуваме нашите, пред сѐ, пријателски врски. Ваквите денови и поводи се потсетник да се почитуваме едни со други затоа што само така можеме да градиме подобра иднина, а прикажувајќи ја убавината на нашето повеќе културно и повеќе етничко општество да заборавиме на поделбите и меѓусебното непознавање на различните заедници“, порача Стоилковиќ по ифтарската вечера одржана во хотелот „Хилтон“.
Стоилковиќ на ифтарска вечера кај МАТТО
Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ синоќа присуствуваше на традиционалната ифтарска вечера, организирана во светиот месец Рамазан од страна на Македонско-турската комора МАТТО, а во име на досегашната и идната соработка со цел унапредување на економските и другите односи помеѓу Македонија и Турција.

Објавено на
часот