сабота, 27 јули 2024
Во интервју за Новости

Стоилковиќ: Македонците се огорчени, Албанците повеќе нема да ни ја кројат капата

Во разговор за белградски Новости, Иван Стоилковиќ, преседател на Демократската партија на Србите во Македонија ги коментира, како што наведува весникот, последните потези на Македонија која „заби нож во грбот на Србија“ и тоа два пати –  со гласање за влез на лажната држава Косово во Советот на Европа како и со понудата да биде коспонзор на резолуцијата во ОН за наводен геноцид во Сребреница. „Македонскиот народ е огорчен, но Албанците повеќе нема да ни ја кројат капата“, вели Стоилковиќ.

Објавено на

часот

Сподели

Членовите на ДУИ, албански партија партнер на македонската партија СДСМ се апсолутно свесни дека без нив СДСМ никогаш не би се дофатила до власта и ја користат бескрупулозно ваквата своја добитна позиција и веќе водат самостојно македонска државна политика, вели Иван Стоилковиќ за белградски Новости.

Дури, додава Стоилковиќ, потпишуваат и договори со кои буквално од корен се поништува идентитетот на мнозинскиот македонски народ.

„Притоа, праат неприципиелни пактови и се ставаат на располагање секому кој ровари против Србија и српскиот народ, додека квислиншките структури на СДСМ понизно ги следат во чекор, на тој начин додворувајќи им се на светските моќници кои и единствено можат да извршат притисок врз ДУИ и другите албански партии со кои ќе направат влада. Tажно,грдо и многу подло“, вели Стоилковиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ