Стоилковиќ му се заблагодарил на српскиот премиер Вучевиќ за подадената рака и несебичната поддршка што Србија во согласност со своите можности ѝ ја дава на нашата земја во овие тешки моменти.
„Солидарноста што ја покажува Србија по трагедијата во Кочани е за почит и навистина бескрајно сме благодарни за подадената рака. Благодарни сме што, како и останатите наши соседи, ги ставија на располагање сите свои, пред сѐ, медицински капацитети“, рекол по средбата потпретседателот и министер Стоилковиќ, изразувајќи уште длабоко сочувство до семејствата на загинатите во трагедијата во Кочани, се додава во соопштението.