петок, 27 декември 2024

Стоилковиќ: Ги чуваме традицијата и фолклорот на Ромите, ја збогатуваме нашата заедничка историја

Министерот за односи меѓу заедниците и потпретседател на Владата, Иван Стоилковиќ, честитајќи го Меѓународниот ден на ромскиот јазик, 5 ноември, истакна дека со неговото празнување „го даваме нашиот придонес во чувањето и негувањето на културните особености на ромската заедница“.

Објавено на

часот

Сподели

„ На денот кога ги славиме ромскиот јазик и култура, како нераскинлив дел од глобалната мултикултурна заедница во која живееме, се потсетуваме дека на тој начин не само што ги чуваме традицијата и фолклорот на Ромите, туку и ја збогатуваме нашата заедничка историја и иднина, отворајќи пат за уште посилно меѓусебно разбирање и почитување“, посочува Стоилковиќ.

Тој потсетува дека Светскиот ден на ромскиот јазик ги промовира јазикот, културата и образованието, а се слави секоја година на 5 ноември, денот кога почнувајќи од 2009 година се направени првите чекори кон негово признавање за малцински јазик според Европската повелба за регионални или малцински јазици. Од 2015 година на барање на Република Хрватска, УНЕСКО го прогласил 5 ноември за Светски ден на ромскиот јазик.

„Прифаќањето на различностите нѐ прави уникатни, а нивното негување е наш влог во иднината на општеството во кое битисуваме – мултикултурно општество на кое треба да бидеме горди“, нагласува Стоилковиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ