четврток, 30 мај 2024

Стоиљковиќ: Поразително е што работат против Србите спротивно на волјата на Македонците

Претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоиљковиќ реагира на изјавата на министерот за надворешни работи Бујар Османи за „коспонзорство на нашата земја“ во Обединетите Нации (ОН) за прогласување меѓународен ден на геноцидот за Сребреница.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

„За македонското коспонзорство на Резолуцијата за Сребреница утре ќе читате и слушате. Првиот одговор на прашањата беше во стилот дека без оглед на тоа што во иднина ќе се случува со регионот, Србите, некрофилскиот дизниленд Сребреница… фактот дека Али, Бујар, Таљат, Артан се осудија степенот на непријателството кон Србија и српскиот народ да го подигнат на највисоко ниво, спротивно на волјата на македонскиот народ кажува колку Македонија и нејзината државност паднала на ниски гранки… поразително нели?“, напиша Стоиљковиќ на неговиот официјален профил на фејсбук.

Ваквата реакција на Стоиљковиќ доаѓа откако министерот за надворешни работи Бујар Османи вчера кажа дека „нашата земја заедно со САД, Германија и други држави е коспонзор на резолуцијата во Обединетите нации за прогласување на 11 јули за меѓународен ден на сеќавање и комеморација на геноцидот во Сребреница во 1995 година и одбележување на истиот секоја година“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ