Тоа е фондација на фудбалерите од Бугарија кои направија историски успех на Светското првенство во САД во 1994 година кога го освоија четвртото место.
„За трагедијата нема датум и час, по неа остануваат само солзи и неизлечива болка. Изразуваме најискрено сочувство до семејствата на загинатите. Фудбалот нè зближи со луѓето од Македонија, а сега е време да бидеме со нив. Се молиме за повредените. Нека Господ биде со нив!“, напишаа од фондацијата.