сабота, 27 јули 2024

Стивен Тајлер ќе стане верен на стари години

Објавено на

часот

Сподели

Пејачот на Аеросмит, кој конечно ги потврди шпекулациите дека ќе се венча со Ерин Брејди, има ноторно диво минато, но неговата партнерка, со која е веќе седум години, тврди дека во почетокот на нивната врска таа кажала дека нема да го толерира неговото измамничко однесување.

„Јас му кажав, ‘Еј слушај, ако сакаш да си играш, и јас ќе си играм’. Нему не му се допадна другата страна на тоа сценарио“, вели Ерин.

Двапати женетиот 63-годишен Стивен призна дека се срами од своето однесување во минатото и жали за нервозите што им ги предизвикувал на поранешните жени Синтија Фокс и Тереза Барик.

„При сите мои разводи, длабоко ги повредив девојките и се срамам од тоа. Никогаш повеќе не сакам да повредам никого…“, изјави рокерот во шоуто на Опра Винфри.

„Можеби изгледам како сексуално животно, што и сум кога сум на сцена. Но тоа не сум вистинскиот јас. Пеам за тоа, изгледам така, но не сум тоа. Би сакал да тргнам во сексуален поход и да ја легнам секоја девојка што сака да ме има, кој не би го направил тоа? Но нема. Ја сакам Ерин за себе, и ќе направам сѐ што се бара од мене“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ