сабота, 27 јули 2024

Стивен Тајлер ќе се жени

Објавено на

часот

Сподели

Рокерот од „Аеросмит“ ја запросил Ерин на Божиќ (25.12.11) за време на одморот на Хаваите и сакал да ја изненади, па го скрил уникатниот прстен во кутијата од подарокот што таа пред тоа му го дала.
За ТВ-шоуто „Ентертеинмент тунајт“ тој изјавил: „Тоа беше утрото на Божиќ, татко ѝ беше дојден од Алјаска и јас го скрив прстенот во кутија… Tаа ми има подарено милион такви ситни нешта.“
„Претходната ноќ го скрив таму, и кога стигнав до крајот, реков – ‘што е ова?’ Тоа беше совршено време, совршен момент.“
Стивен – кој пред тоа беше женет двапати – вели дека почувствувал дека сега е вистинскиот момент да ја запроси зашто почнал да станува вообразен поради својот успех како судија на „Американски идол“.
Тој додаде: „Ова го сторив и за себе; малку ме приземји. Кога одиш на турнеја и кога го работиш ‘Американски идол’, стануваш по малку надмен“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ