петок, 27 декември 2024

Стигна потврда, Ѓоковиќ ќе игра на Вимблдон

Организаторот соопшти дека Новак Ѓоковиќ ќе игра на Вимблдон, српскиот тенисер експресно се враќа по операцијата.

Објавено на

часот

Сподели

Прогнозите беа дека Ѓоковиќ ќе го прескокне Вимблдон и ќе се подготвува за настап на Олимписките игри, сепак Србинот нема намера да го пропушти овој грен-слем турнир.

Ѓоковиќ веќе некое време работи напорно и рече дека ако се чувствува дека може да го освои Вимблдон, само тогаш ќе настапи. Се чини дека тоа е случај.

Организаторот денеска објави дека Синер ќе биде прв носител, а Ѓоковиќ втор. Со тоа е потврден неговиот настап на големиот турнир.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ