недела, 14 април 2024

Стево Пендаровски ќе собира потписи, најави граѓанска кандидатура за втор претседателски мандат

Претседателот Стево Пендаровски денеска на прес-конференција ја најави својата граѓанска кандидатура за втор мандат на претседателските избори. Тој нагласи дека изминативе денови добил јавна поддршка за номинација за вториот мандат од граѓани, дел од нив јавни личности, универзитетски професори, културни работници, луѓе кои, вели, го познаваат, но и не мал број од оние кои лично не го знаат.

Објавено на

часот

Сподели

„На 3 мај во недела очекувам и СДСМ да ја формализира својата поддршка за мојата кандидатура, а веднаш потоа од понеделник тоа да го направт и останатите 10-тина политички партии од таа коалиција. В недела ќе присуствувам на Конгресот на СДСМ за да им се заблагодарам на поддршката, а од понеделник натаму ќе имам средби со сите десетина партии кои ја најавија својата поддршка за мојата кандидатура, од кои ќе сакам да слушнам предлози што би можел да ги вградам во мојата изборна програма. Како што најавив, станува збор за граѓанска кандидатура, поради тоа ги повикувам сите граѓани почнувајќи  од 3 март, да дадат поддршка за мојата кандидатура со давање потписи во подрачните единици на ДИК“, рече Пендаровски.

Првата и главна причина поради која се кандидира, вели, е тоа што зад себе има мандат без ниту една стратешка грешка.

„Без ниту една корупциска афера, ниту еден случај на непотизам и судир на интереси поврзани со мене, моето семејство, роднини… Бев национален координатор и ги предводев преговорите за членство на Македонија во НАТО и во мојот прв мандат станавме членки на Алијансата. Очекувам во мојот втор мандат да станеме членка на ЕУ“, вели Пендаровски.

Актуелниот претседател Стево Пендаровски доби поддршка за втор мандат од највисокото раководство на владејачката СДСМ.

Претседателот на СДСМ и поранешен премиер Димитар Ковачевски, неделава изјави дека претседателот Пендаровски се очекува да биде промовиран официјално за претседателски кандидат на СДСМ на Конгресот на партијата закажан за в недела, но откако одлуката за тоа ќе помине низ партиските тела – Извршниот и Централниот одбор.

Извршниот одбор на партијата на состанокот во средата во Штип соопшти дека ќе го предложи Стево Пендаровски за кандидат за претседател до Централниот одбор.

Претседателските избори ќе се одржат на 24 април 2024 година, а вториот круг на 8 мај заедно со парламентарните избори

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ