четврток, 18 април 2024

Стевановиќ: Хемофилтрацијата е дозволена метода кај пациенти каде има бенефит од истата

Хемофилтрацијата е дозволена метода за ковид-19 кај пациенти кои имаат бенефит. Методата хемофилтрација е инвазивна, не е нова и е составен дел на клиниките за интензивни неги. Се користи за тешко болни пациенти, сведочеше д-р Милена Стевановиќ на судското рочиште во случајот против клиниката „Жан Митрев“.

Објавено на

часот

Сподели

Таа појасни дека оваа метода не е рутинска, односно не треба да се дава на сите пациенти, туку на тие со потешка клиничка слика.

Според Стевановиќ се реагирало на примена на третмани, кои се покажале добри според праксата и ги земале и користеле сите достапни методи од светот. Таа потврди дека некои од методите ги користеле, па престанале да ги користат поради слабите резултати.

Поранешната директорка на Инфективната клиника Скопје, Милена Стевановиќ рече дека била дел од тричлената комисија која во време на пандемијата била формирана од Министерството за здравство и дека таа комисија, во врска со хемофилтрацијата како метод на лекување, дала одговор дека не може да се користи за рутинско лекување.

Стевановиќ појасни дека лично не го познава доктор Жан Митрев и никогаш лично се нема сретнато со него, ниту пак ја има посетено болницата „Жан Митрев“, како и дека не е запознаена со начинот на лекување на ковид-19 пациентите во оваа клиника.

„Нејасно беше зошто воопшто е повикана за сведок, а обвинителот ја испрашува како да е вешто лице иако сама изјави дека никогаш немала лиценца за вештачење, уште повеќе што обвинителот како да заборави дека обвинува за измама поставувајќи ѝ прашања неа за несоодветно лекување што не е предмет на обвинение“, реагираа од одбраната на Жан Митрев.

Судијка во овој случај е Лидија Петровска, а застапник на обвинението е обвинителката Искра Хаџи Василева. Судењето продолжува на 1 април.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ