петок, 18 октомври 2024

Стевановиќ: Комуницираме со СЗО и колеги од регионот за случаите со конго-кримска хеморагична треска

Објавено на

часот

Сподели

„Со Светската здравствена организација сме на линија, така да, правиме сѐ што е во наша моќ“, нагласи Стевановиќ.

Претходно денеска, портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ изјави дека не треба да се крева паника во однос на новата состојба со конго-кримска хеморагична треска.

„Не очекуваме да има повеќе случаи, меѓутоа ова не е првпат да се јавува во државава ваков тип на заболување, зборуваме конкретно за конго-кримска хеморагична треска. Дека го имало во минатото – го имало, дека се појавува во регионот – се појавува, дека ќе има вакви инцидентни појавувања – ќе има. Меѓутоа тоа не значи дека сме на раб на избивање на нова епидемија што ќе ги загрози сериозно животот и здравјето“, истакна Мехмедовиќ.

Oд она што го виделе, како што додаде тој, првиот случај е случај на директно заразување, а вториот, болничарка од Инфективната клиника, е веројатно со пренесување преку заразена крв.

Во првиот случај со директно заразување, почина 27-годишна пациентка, по инфекција по каснување од крлеж.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ