сабота, 19 октомври 2024

Стерлинг од Челси се пресели во Арсенал

Во самиот финиш од преодниот рок, Рахим Стерлинг се пресели во Арсенал на едногодишна позајмица.

Објавено на

часот

Сподели

Арсенал го потврди ангажманот на Рахим Стерлинг кој остана во Лондон, но го промени клубот.

„Рахим Стерлинг ни се приклучи на едногодишна позајмица од Челси“, стои во соопштението на Арсенал.

Стерлинг кој веќе играше за Ливерпул, Манчестер Сити и Челси, вели дека потпишувањето за Арсенал раѓа неверојатно чувство.

„Потпишувањето за Арсенал е навистина неверојатно чувство. Се ежам. Ова е перфектно за мене. Гледате глад во овие фудбалери, заедништво, сакам да сум во таков тим. Ќе го видите најдоброто од мене“, вели Стерлинг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ