Според него, македонската заедница реално брои над 100 илјади на целата територија на Република Албанија и доколку би бил спроведен реален попис тоа ќе се потврди.
„Македонската заедница официјално живее во областите Гора, Голо Брдо, Преспа, Врбник и областа Девол, долж албанско – македонската граница. За жал и ден денес се следи комунистичката политика, која нас, Македонците нè признава како малцинство само во областа Преспа, Општина Пустец. Не ги признаваат Македонците во Гора и Голо Брдо. Ним дополнително им се вршеше притисок и на другите пописи да не се изјаснуваат како она што се – Македонци“, рече Стерјовски.
Освен во овие области повеќе од десетина илјади Македонци живеат во Тирана, Елбасан, Драч, Кукс и други градови.