вторник, 5 март 2024
Лидерот на МАЕИ во ТВ - гостување

Стерјовски: Големобугарската политика е проблем и за Албанија и за ЕУ

Васил Стерјовски, претседател на партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) која дејсвува во Албанија, во интервју за емисијата Конак на албанската телевизија СОТ7 (SOT7), ги информира албанските граѓани со факти и презентација на историски документи  дека Македонците и Бугарите се два сосема различни народи и ја демаскира големобугарската политика преку која Софија се обидува да создаде бугарско малцинство во Албанија преку нејзиното членство во ЕУ.

Објавено на

часот

Сподели

Тој преку емисијата ѝ презентира на албанската публика документи и записи постари и од два века, кои потврдуваат дека  во Албанија со векови наназад живеат Македонци, а никогаш Бугари. Стерјовски нагласи дека асимилаторската политика на Софија е не само албански проблем, туку е и проблем за Европската Унија.

„Да бевме денес членка на ЕУ, воопшто немаше да разговараме за т.н. бугарско малцинство. Мислите дека еден жител на Албанија ќе плаќаше илјадници евра за да стане Бугарин? Дали има смисла еден жител да плати илјадници евра, да земе заем, за да земе пасош? Па сето тоа е од економски причини. Тие што зедоа пасоши не ни отидоа во Бугарија, туку заминаа во развиените западни земји на ЕУ. Доколку се чувствуваа Бугари, ќе одеа во Бугарија. Ги земаат пасошите за да работат и да исратат на својата фамилија пари“, рече Стерјовски, кој е магистер по историски науки и беше пратеник во албанскиот парламент.

На констатацијата на новинарот дека не може да се спречи слободно изјаснување на  граѓаните по етничка припадност, Стерјовски одговари: „Секако не, но да се поставува прашањето дали сме Бугари или Македонци, е тоа е за мене перверзија“.

„Да бидеме реални. Јас сум активист на македонската заедница најмалку 15 години, а кога се борам за правата на мојата заедница не можам да ги негирам правата на друга заедница. Но, тоа не е случај во врска со ова што го разговараме. Затоа што бугарска заедница во Албанија нема. Дали разбирате дека ова е перверзија? Како е можно да има тврдења за бугарска заедница во Пустец кога за 100 години, вклучително и на последниот попис, сите жители се изјасниле за Македонци? Еден бугарски академик во 2019 година, кога беше пилот пописот, рече дека имало само еден жител кој се изјаснил за Бугарин. Од каде ќе излезат сега Бугари?“ , рече Стерковски.

Кон Македонците во Македонија и Албанија, кога беа дел од Отоманската империја, и Бугарија и Србија и Грција, нагласи Стерјовски, сроведуваа политика на асимилација користејќи ги црквите.

„Истото што го правеа тогаш, го прават и сега. Сега даваат пасоши, тогаш даваа пари селото да бара бугарски поп. Ако баравте да бидете под бугарската егзархија, тогаш ќе можеа да го воведат бугарскиот јазик во училиштата. Истото нешто го правеа и Грците. Истото го правеа и Србите. На истата политика работат и сега. Сега вештачки преку пасошите, сакаат да извадат процент на Бугари, за утре да го воведат и бугарскиот јазик“, рече тој.

Бугарите се турко-монголско племе, имаа канови, пример, кан Аспарух, турски имиња за кралеви кои во меморијата на жителите на Македонија и Македонците во Албанија никогаш не биле и ниту се учат во историјата на Македонија, наведува Стерјовски, кој е магистер по историски науки.

„Македонците немаат врска со Бугарите. Кај Македонците и во Преспа, култот на Александар особено во османлискиот период, од она што имам прочитано од сведоштвата на жителите од тој период кои се документирани и запишани, тие го гледале Александар како светец кој ќе дојде да ги ослободи од Турците. Во колективна меморија Александар го сметале за свој крал. Не само ова, во пештерска црква во Пустец од 14 век, ја имаме фреската на Александар претставен како светец, Александар Македонски. Кај нас Македонците името Александар е многу распространето, не зборувам за сега, зборувам и во времето на комунизмот, дури и за ова, еден албански новинар имаше статија за тоа колку е распространето името Александар, и вие сами знаете“, рече во интервјуто Васил Стерјовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ