сабота, 27 јули 2024

Стела Асанж: Случајот против Џулијан би можел да тргне во вистинска насока

Сопругата на австралискиот новинар Џулијан Асанж, Стела, изјави денес дека случајот против нејзиниот сопруг би можел да тргне во вистинска насока откако претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден потврди дека САД би можеле да ги повлечат обвиненијата против затворениот основач на Викиликс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Бајден синоќа кажа дека неговата администрација „го разгледува“ барањето на Австралија да се откаже од децениското настојување на САД Асанж кривично да се гони за објавување доверливи американски документи, меѓу кои бројни воени злосторства. Предлогот подразбира Асанж, кој е австралиски државјанин, да се врати дома наместо да биде испратен во САД поради обвиненијата за шпионажа.

Американските власти не изнесоа повеќе детали, но Стела Асанж кажа дека коментарите се „добар знак“.

„Се чини дека нештата би можеле да тргнат во вистинска насока“, кажа таа за Би-би-си, истакнувајќи дека обвинението е „наследство на Трамп и дека Џо Бајден навистина требаше да се откаже од првиот ден“.

Поддржувачите на Асанж низ светот денес одбележуваат пет години откако тој беше одведен во лондонскиот затвор Белмарш, откако беше насилно изнесен од амбасадата на Еквадер каде најде засолниште и ја продолжуваат кампањата за негово ослободување. На 52-годишниот Асанж му се заканува кривично гонење во САД откако објави стотици илјади доверливи американски документи и дипломатски преписки пред речиси 15 години на Викиликс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ