сабота, 27 јули 2024

Стејт департментот одобри продажба на оружје на Израел, го заобиколи Конгресот

Американскиот Стејт департмент одобри уште една продажба на оружје за Израел, во вредност од неколку милиони долари, заобиколувајќи го Конгресот, пренесува дпа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Агенцијата за одбранбена безбедност и соработка во петокот соопшти дека државниот секретар Антони Блинкен утврдил дека „итноста на ситуацијата бара итна продажба на оружје на владата на Израел“, во вредност од околу 147,5 милиони долари, без потреба од вообичаената ревизија на Конгресот.

Оваа одлука е „во национален интерес на САД“, додава агенцијата.

Блинкен на сличен начин го заобиколи Конгресот и на 9 декември, кога побара „итна“ согласност за продажба на својот израелски сојузник 13.981 граната од 120 милиметри за да ги опреми борбените тенкови Меркава, вклучени во офанзивата на Газа против исламистичкиот Хамас. Вредноста на таа продажба изнесувала 106,5 милиони долари.

Конфликтот во Газа беше предизвикан од најтешкиот масакр во историјата на Израел, извршен од терористи на Хамас и други исламистички групи на 7 октомври на населби и музички фестивал во јужен Израел, при што брутално беа убиени околу 1.200 луѓе, вклучително и најмалку 850 цивили. Како заложници зеле и околу 240 Израелци и странски државјани.

Израел одговори со бомбардирање на енклавата и отпочнување на копнена офанзива. Здравствените власти во Газа под контрола на Хамас тврдат дека во војната досега загинале 21.300 луѓе.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ