сабота, 27 јули 2024

Стејт департментот одобри продажба на хеликоптери за Хрватска во вредност од 500 милиони долари

Американскиот Стејт департмент одобри потенцијална продажба на хеликоптери Блек хок и соодветна опрема и услуги на Хрватска според договор чија вредност е проценета на 500 милиони долари, објави синоќа Пентагон.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението на Агенцијата за безбедносна соработка на Министерството за одбрана на САД, се наведува дека Хрватска побарала осум хеликоптери Блек хок. Се работи за воен повеќенаменски хеликоптер и се користи во околу 30 земји.

„Предложената продажба ќе ја поддржи надворешната политика и националната безбедност на САД преку подобрување на безбедноста на НАТО сојузникот, кој останува важна сила за политичката стабилност и економскиот напредок во Европа. Предложената продажба ќе ја подобри способноста на Хрватска да ги одврати сегашните и идните закани и поддршка на коалициските операции, како и промовирање на интероперабилноста со САД и другите сили на НАТО“, се наведува во соопштението, во кое се додава дека Хрватска нема да има потешкотии да ја интегрира оваа опрема во своите вооружени сили, пренесува хрватски Индекс.

Стејт департментот претходно одобри продажба на два хеликоптери Блек хок УХ-60М и соодветната опрема на Хрватска за 115 милиони долари, а потоа САД ѝ донираше на Хрватска уште два хеликоптери, кои пристигнаа во 2022 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ