„Додека генерално не обезбедуваме соопштенија од дипломатски состаноци, ние сме во редовен контакт со владини функционери за широк спектар на прашања од меѓусебна загриженост“, одговорија од прес-службата на Стејт департментот.
Мицкоски деновиве во повеќе наврати изјави дека високи функционери во поранешни влади се обидуваат да мобилизираат луѓе на терен и да „провоцираат етнички конфликт, односно да ја дестабилизираат меѓуетничката хармонија во Македонија“.
„Индиции имаме за елементи, кои што располагаат со огромни милионски суми на пари, дел од нив се и високи функционери во поранешни влади и кои што се обидуваат да мобилизираат луѓе на терен, во најголемиот дел да манипулираат, и она што мене посебно ме загрижува е тоа што се обидуваат да провоцираат етнички конфликт, односно да ја дестабилизираат меѓуетничката хармонија во Македонија. Тоа е она кое што најмногу ме вознемирува бидејќи сфаќаат дека на друг начин тие не може да мобилизираат луѓе, и сега единствениот начин е да испровоцираат ваков тип на конфликт. Тоа нема да го дозволиме. Апелирам, и до јавноста, и до медиумите и до граѓаните, да се воздржат од какви било провокации, да ги игнорираат, порано или подоцна сторителите на овој тип на провокации ќе одговараат“, изјави Мицкоски.