сабота, 27 јули 2024

Стефковски: Од понеделник со градинката ќе управува директорка која сторила бројни прекршувања

Објавено на

часот

Сподели

Тој на денешната конференција за медиуми рече дека оваа одлука донесена од министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска е незаконита и политички мотивирана.

Целокупната постапка за разрешување на директорката ја водеше управниот одбор на детската градинка согласно одредбите од Законот за заштита на децата, исто како и моето постапување со носење на одлуката за разрешување на директорката кое е врз основа на истиот закон.

Изминатиот период до мене пристигнаа информации од повеќе вработени во Министерството за труд и социјална политика за кои веќе информирав во јавноста дека врз нив се врши сериозен притисок за носење на незаконита одлука за одземање на надлежноста на општината. Уште еден факт кој оди во прилог на тоа дека биле вршени притисоци на вработените е периодот од 10 дена, односно од 12 мај датум на кој е доставено укажувањето до мене да ја вратам разрешената директорка, укажување на кое не е потпишан инспекторот кој ја водел постапката, па се до 22 мај кога е подготвена одлуката за одземање на надлежноста во министерството на која одлука истиот тој инспектор сега е потпишан“, изјави Стефковски.

Тој изрази загриженост од одлуката на министерката за труд и социјална политика да ја врати разрешената директорка за директор на детската градинка Детска радост.

Со оваа одлука, министерката Тренчевска се става во директна заштита на незаконското работење кое е утврдено со ревизорски извештај направен од страна на независна лиценцирана ревизорска куќа.

Загрижен сум поради тоа што нашите деца од понеделник ќе посетуваат градинка со која ќе управува директорка за која постојат докази за утврдени злоупотреби и законски прекршувања.

За мене е скандалозна одлуката на министерката да ја врати разрешената директорка, без притоа Основното јавно обвинителство и Државната комисија за спречување на корупција да се произнесат по наодите за прекршување на законот.

На министерката Јованка Тренчевска не ѝ значеше ништо тоа што синдикатот на СОНК даде писмена поддршка на одлуката за разрешување на директорката, ниту пак двете отворени писма, едното потпишано од повеќе од 80 вработени во градинката и другото потпишано од стотина родители на дечиња.

За ова незаконско постапување на министерката Јованка Тренчевска еден ден за многу скоро од денес ќе има ревизија, а потоа следува и одговорност.

Наместо министерството да ја исполнува својата примарна дејност од областа на заштитата на децата преку изградбата на нови детски градинки во Трубарево, Инџиково, Сингелиќ и Керамидница како утврдени барања и потреби на граѓаните, тие за жал водат политички битки и ги кочат процесите во локалната самоуправа“, рече Стефковски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ