Во поразот на Илисијакос на гостувањето против Кавала (73-78) доскорашниот член на МЗТ Скопје одигра точно 21 секунда, во кои, разбирливо, не направи ништо позначајно. Фактот што во таборот на Илисијакос се приклучи на само еден ден пред мечот и непознавањето на начинот на игра на својот нов клуб се главните причини за оваа секундажа за Стефанов, кој во грчкиот тим е најавен како значајно засилување.