сабота, 11 јануари 2025

Стефаноска: Холандија е еден од најлојалните туристички пазари на Македонија

Интересот на холандските туристи за патување во Македонија е забележан и на третиот ден од саемското претставување на македонската туристичка понуда на 54. Меѓународен саем за патувања што се одржува во холандскиот град Утрехт.

Објавено на

часот

Сподели

„Традиционалната поврзаност со Охрид надополнета со збогатена туристичка понуда, гастрономските и културните тури, како и излетите во природа се доволна причина за Холанѓаните да ја одберат Македонија за следна дестинација“, велат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ).

Развојот на туристичките дестинации во земјава, посочуваат од агенцијата, е поттикнат и од нивната промоција.

Директорката на АППТ, Билјана Стефаноска, на саемот во Утрехт остварила средби со холандски туроператори и туристички агенции специјализирани за сегментирани видови туризам, што треба да донесатт туристи и во помалку познатите делови на Македонија, а кои се доволно атрактивни и богати со традиција, културни и природни богатства.

Од агенцијата уште посочуваат дека холандскиот пазар кој е еден од првите и најлојални туристички пазари на Македонија е од значаен интерес за развој на туризмот во нашата држава, а лојалноста Македонија на овој пазар и официјално ја постигна со тоа што успеа да врати по втор или трет пат холандски туристи кои имаат желба да посетат и други делови од земјава, освен најголемите туристички центри.

Туристичката понуда на Охрид и Македонија ќе бидат презентирани на познатиот 54. Меѓународен саем за патувања што од денеска наредните три дена се одржува во холандскиот град Утрехт.

Саемот во Утрехт е најголема туристичка саемска манифестација во тој дел на Европа со учество на над илјада излагачи од стотици земји и дестинации. Претставува одлична можност за компаниите од областа на туризмот да ги презентираат своите понуди,  а учесниците да се поврзуваат со потенцијални клиенти и деловни партнери.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ