сабота, 27 јули 2024

Стефан Марковски на книжевна резиденција во Руен, Франција

Македонскиот писател Стефан Марковски реализира резиденцијален престој во Франција, во рамки на кој ќе оствари средби со претставници на книжевната и културна заедница.
 

Објавено на

часот

Сподели

Резиденцијата се одржува во познатиот руиниран манастир Жумијеж во непосредна близина на градот Руен во Нормандија, кој е кандидат за Европска престолнина на културата за 2028 година и родно место на важни имиња во француската литература, како П. Корнеј, Г. Флобер, М. Леблан и други.

На почетокот од месецот, гостинка во Жумијеж беше Ани Ерно, француска писателка и добитничка на Нобеловата награда за литература за 2022 година.

Марковски е прв писател од Балканот вклучен во резиденцијалната програма „Валден“ инспирирана од истоименото дело од американскиот трансцеденталист Хенри Дејвид Торо (1854). 
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ