вторник, 22 октомври 2024

Стефан Андоновски: Почнуваме со борбата против корупцијата во Фондот за иновации

Минатата Влада на ДУИ и СДСМ го девалвираше зборот „иновации“. Средства од Фондот за иновации се делеа за рецепти за пица, за непостоечки апликации, за вибер групи. Едноставно, се финансираа партиски послушници и криминални здруженија, изјави денеска Стефан Андоновски, министерот за дигитална трансформација.

Објавено на

часот

Сподели

„Со новото раководство на ФИТР направивме план за откривање на методите на кои се распределувале средствата, откривање на злоупотребите, враќање на средствата во буџетот и отпочнување на кривичен прогон онаму каде што ќе се појават основи на сомнение“. Андоновски говореше и за планот за дигитализација на услугите, при што најави целосен редизајн на порталот за услуги – uslugi.gov.mk, нови дигитални услуги за граѓаните и олеснета пристапност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ