сабота, 27 јули 2024

Ставрев доби критики за судењето на мечот во Солун, некои не сакаат да им суди Македонец!

Најдобриот македонски судија, Александар Ставрев, синоќа ја делеше правдата на грчкото дерби меѓу Арис и Панатенаикос кое заврши со победа на гостите од 2-0.

Објавено на

часот

Сподели

Критиките за Ставрев дојдоа од страна на победничкиот тим, Панатенаикос.

„Судењето на Ставрев во Солун беше јасна порака за „зелените“, за тоа како функционира системот во Грција и како од секаде доаѓаат пречки во нивниот обид да дојдат до титулата. Грешките на скопјанецот беа еднострани, неговата толеранција кон неспортскиот стил на домашната екипа делуваше калкулантска, а „пожолтувањето“ на дефанзивците на Панатинаикос селективно и намерно. Тој јасно влечеше на страната на Арис, но за џабе“, велат од Панатенаикос.

Изненадувачки се јави и првиот човек на грчкиот прволигаш Волос кој е за странски судии, но не и за Македонци.

„Македонскиот судија беше ужасен. Го донесоа за две кила месо и што да очекуваш од таков човек“, изјави Ахилеас Беос.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ