Пожарот што го зафати дел од кровот на домот е локализиран. Сите корисници безбедно се евакуирани и однесени во Општа болница, каде ќе останат неколку дена, соопштија од Домот.
Оттаму упатија голема благодарност до градоначалникот Митко Јанчев, противпожарната служба, итната медицинска помош, директорката на болницата и сите што помогнале за сите корисници на услугите во домот, за кои сега бил обезбеден престој со истата услуга, во хотел во Кавадарци.