Овој процент значи дека во Европската Унија минатата година биле вработени 193,5 милиони луѓе, соопшти Еуростат.
Во 11 земји во ЕУ била забележана стапка на вработеност поголема од 78 отсто, а најдобри резултати се забележани во Холандија, која имала стапка на вработеност од 83 отсто, а следат Шведска и Естонија со по 82 отсто.
Најниски стапки на вработеност се забележани во Италија – 65 отсто, следат Грција и Романија со 69 отсто. Во ЕУ 22 отсто од вработените се преквалификувани за работата што ја работат.
Најмногу преквалификувани има во Шпанија – 36 отсто, следат Грција и Кипар со по 32 отсто, а најмалку во Луксембург – седум отсто, додека во Шведска, Данска, Унгарија и Чешка има 14 отсто преквалификувани.
Во 19 од 27 земји жените се во поголем број преквалификувани од мажите.
Преквалификуваност е термин за ситуација кога лица со високо образование работат на позиции кои не бараат такво ниво на образование.