среда, 11 декември 2024
Серија А

Станковиќ понудил оставка, Сампдорија се мисли дали да ја прифати

Објавено на

часот

Сподели

На Сампдорија ѝ нема спас, последно место е на табелата во Серија А, првиот кој обезбедува опстанок има 10 бода повеќе од нив, а до крајот на сезона има уште шест кола.

Станковиќ имаше емотивна прес-конференција по поразот од Фиорентина на Артемио Франки.

„Доколку јас сум проблемот, го прифаќам тоа со дигнитет. Знам дека давам се од себе и воопшто не жалам, истото би го направил и уште 100 пати да сум тренер во оваа ситуација“, рече Станковиќ.

Според „Спортиталија“, Станковиќ веднаш по мечот понудил оставка, но од клубот не му ја прифатиле веднаш, рекле дека ќе ја разгледаат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ