сабота, 27 јули 2024

Станишев бил географски Македонец

Објавено на

часот

Сподели

Реагирајќи на написите во македонските медиуми што ја пренесоа веста од бугарскиот портал Разкритиа дека бившиот бугарски премиер Станишев признал дека е Македонец, дел бугарски медиуми објавуваат дека Станишев е прогласен за Македонец поради погрешно толкување на неговите зборови.

Бугарската новинска агенција „Новините“ објаснува дека кога Станишев рекол дека е Македонец, мислел на „географскиот и историски регион Македонија“, наведувајќи го „тешкиот карактер“ на македонските Бугари како извор на својата љубомора во врската со девојката.

Весникот „Стандарт“, пак, тврди дека Станишев само се шегувал кога рекол дека е Македонец.

„Новините“ потоа нашироко изложува најразновидни тези дека Македонците се Бугари, а „Стандарт“ ги цитира нашите интернет-форуми.

Она што зачудува е што и покрај тоа што бугарската држава нè има признаено под уставното име, нејзините медиуми во текстовите нè наведуваат како ФИРОМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ