„По вчерашна тријажа и координација со Кризен штаб од Скопје во вечерните часови пациентите од несреќата во Кочани кои беа хоспитализирани во КБ – Штип се транспортирани во Клинички центар ‘Мајка Тереза’ – Скопје. Транспортот на сите пациенти помина безбедно“, вели Арсова во писменото соопштение.
Посочува дека во моментот во Клиничка болница-Штип има само двајца пациенти, една пациентка со изгореници од полесен степен на рацете и еден пациент со повреда на рацете.